Бев во Северна Кореја и успејав да ги „прошверцувам“ овие фотографии

„Ја посетив Северна Кореја при крајот на 2014 и бев таму 16 дена, токму пред апсолутното затворање на границите предизвикано од вирусот на ебола“, вели Елиот Дејвис, дописник на Business Insider.

„Повеќето туристи го доживуваат само контролираниот дел на Пјонгјанг, но јас ја имав привилегијата да ги посетам сите негови агли на една од најдолгите тури која било кога им била понудена на странци во херметички затвореното кралство“.

„Тоа беше искуство кое ми ги отвори очите. Откако си заминав од земјата, моите камери беа пребарувани повеќе од 2 часа во Сиуиџу. Многу фотографии беа избришани, но имав back up меморија.

Еве неколку од фотографиите кои ги направив за време на мојата посета на Северна Кореја.

Во Разоружаната зона, војниците радо ќе ви позајмат насмевка за убава фотографија. Ова е далеку поразлично од тактиките на заплашување користени на страната на Јужна Кореја. Ова го прават намерно, веројатно како пасивно-агресивен начин да ги исмеваат мерките на претпазливост на Југот.



Локален училишен автобус: Децата се редат едно над друго за да се превозат на училиште.



„Соба за ценење на музиката“ – така пишува на знакот над вратата. Фотографијата е направена во Народната куќа за учење, Пјонгјанг.



Само во Кореја – скеч на паузата на претставата на Циркусот на Пјонгјанг. Овде е прикажана борба помеѓу севернокорејски и јужнокорејски војник. Со оглед на тоа што го слушнав, ова е далеку подобро од претходната претстава, на која главен негативец бил американски војник облечен како кловн, пијан и третиран како маскота.



Севернокорејските специјалитети Змиско соџу (вино) и Женшен желе, меѓу другите „засладувања“, се продаваат на многу туристички локации. Змиското соџу се пакува со вистинска змија во него – колку е змијата поотровна, толку е виното поскапо, и поголеми се „медицинските бенефиции“. Ова е врвот на луксузот во Северна Кореја.



Пјонгјаншкиот голф терен – еден од моите водачи прв пат пробува да игра голф. Рече дека немал ни слушнато за спортот пред јас да му го претставам и навистина му се допадна.



Циркусот на Пјонгјанг беше вистинско изненадување, на одличен начин. Изведбата беше безгрешна и сите кои беа дел од неа беа неверојатно талентирани.



Ден на „плажата“ за Севернокорејците.



Армијата на народот на Кореја ужива во забавниот парк на Пјонгјанг. Со сé униформа.



Масик Пас ски комплексот е најлуксузен хотел во Северна Кореја. Бил изграден за 10 месеци од Армијата со цел да се подобри туризмот и да се привлечат повеќе посетители. Сред пустелија, кога му се приближувате од запад светлата заслепуваат, и потсеќа на хотел во Лас Вегас. Беше лето, немаше снег, имаше повеќе персонал отколку гости. Поточно, гости бевме само ние. Беше многу чудно.



Ако сакате да знаете повеќе за Северна Кореја и нивните добро разработени механизми за пропаганда и манипулација, кои ги наметнуваат дури и на туристите, погледнете го овој одличен документарец на Vice:

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О