Единствената и вистинската причина: Зошто Исламската држава им објави војна на Христијаните?


Само во изминатите седум години, во Египет се изведени 33 поголеми напади на црквите кои што најчесто се на коптската христијанска заедница која што сочинува 10% од околу 90-те милиони жители на Египет.

Четири месеци откако бомбаш самоубиец на Исламската држава уби 28 христијански верници во Каиро, оваа џихадистичка група ги нападна египетските Христијани повторно, овој пат со двоен бомбашки напад на две цркви.

Метите на новите напади беа црквата Делта во градот Танта, како и уште една црква во градот Александрија - станува збор за најсмртоносниот напад на најбројната христијанска заедница на Блискиот исток досега.

Кога се огласија од Исламската држава и ја превзедоа одговорноста за нападите, никој не остана изненаден. Веќе со месеци Исламската држава го забрзува „увозот“ на секташката тактика во „Ирак-стилот“ во Египет. На тој начин, џихадистите се надеваат дека ќе ја дестабилизираат најмногубројната по популација држава на Блискиот исток и ќе го прошират својот домет на јасно геноцидниот проект кој што го имаат испланирано.



Египетските власти досега не беа во состојба да го одржат чекорот и да одговорат на ваквите закани. Со оглед на тоа што исламистите се во дефанзива во Сирија и Ирак, Египет е одлична шанса за проширување на џихадистичкиот фронт и шанса која што веруваат дека не смее да се испушти. Се чини дека сега нивниот главен фокус е да направат ситуација во Египет која што ќе се влошува во иднина.

Воопшто не изненадува тоа што нивна мета се Христијаните, анализира „Атлантик“. Исламската држава се надева дека со распламнување на секташките конфликти во Египет ќе го направат првиот чекор кон ескалацијата во оваа земја.

За џихадистите на Исламската држава, Христијаните во Египет се тоа што се шиитите во Ирак, затоа што според ИСИС и нивното толкување на Куранот, тие можат да бидат убиени само поради тоа за што веруваат. Уште од пред бомбардирањето на црквите во Каиро во декември, исламистите тврдеа дека Христијаните во Египет се пред се многубошци и затоа мора да бидат убиени.

Доколку ваквата стратегија на ИСИС се имплементира во поголема маса на народ, тоа ќе има сериозни последици по безбедноста на Египет, а ако биде успешна, ќе го дестабилизира целиот регион. Со години џихадистите се прашуваа зошто џихадот не успева во Египет, кога таму живеат многу Христијани.



Ова прашање е од суштинско значење за Исламската држава, не само поради големината и влијанието на Египет, туку и поради тоа што тестира дали проектот на џихадот може да успее во земјите кои што не се зафатени од граѓанска војна или се безнадежно дестабилизирани.

Во една џихадистичка студија на познатиот идеолог Абу Мавдуд Ал-Хармасијапод наречена „Тајната на египетската енигма“, авторот жали за тоа што египетските муслимани се „стока“ и не ја разбираат „реалноста на борбата“, а потоа ги нуди и своите „клучеви за џихадистички успех“.

Во истата студија, тој упатува на „секташко убивање на Христијаните“ за борбите да избувнат во руралните области и мета би бил секој Христијанин без исклучоци. Тој смета дека избувнувањето на секташките конфликти е клучот за „откривањето на реалноста на борбата“, затоа што дури откако биле таргетирани малцинствата во Ирак, Сирија и Јемен, џихадот го зазел своето место меѓу народот.

Токму поради тие причини, џихадистите во изминатите неколку месеци, покрај Христијаните, тие ги напаѓаа и Суфиите кои што сочинуваат голем дел од муслиманите во Египет.



Иако според аналитичарите, мала е веројатноста оваа стратегија да успее во една голема земја како Египет, сепак уште сега остава голема трага и го опустошува христијанското малцинство во Египет. Нивната геноцидна програма може да доживее неуспех како и што им се случи на нивните претходници од 80-тите и 90-тите години, чие што безобзирно убивање на цивили предизвика гнев кај целото население.

Египет, како и многуте држави во регионот, и натаму спроведува политика на истребување на христијанската заедница, се вршат разни рестрикции за изградба на нови цркви, а притоа воопшто не се гонат напаѓачите и убијците на Христијаните.

И додека исламистите продолжуваат да сеат омраза против малцинствата, секташтвото можеби и нема да биде клучот на успехот на Исламската држава за Египет, но од ова искуство ќе се учат и добиваат вештини за следните слични потфати, стои во анализата на „Атлантик“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О