Кој е скопјанецот што го изврши грабежот на деценијата во НЛБ банка?


Б.С., вработениот во НЛБ банка бил средовечен, 40-годишен човек, татко на две дечиња, секогаш насмеан и расположен, пиел кафе со колегите, појадувал со нив и се смешкал додека го ковал планот за грабеж каков Македонија долго време не видела.

Со ништо не би можело да се наговести дека тој кова ваков план.

Грабежот се случил вчера, пред 16 часот, а случајот во полиција го пријавил директорот на трезорот. Станува збор за сума од два милиони швајцарски франци и 270.000 евра. Парите би требало да се осигурани. Истрагата вели дека вработениот парите ги ставил во кеса, и без да биде забележан од обезбедувањето или од колегите излегол од банката. Од МВР веќе соопштија дека по крадецот се трага со меѓународна потерница.



Очигледно на Б.С. (кој долго време работел во банката) му здодеало од секојдневниот, рутински живот па ја искористил шаната што работи токму тука, го знае системот, ја има довербата од вработените и го извршил грабежот на деценијата.



Од НЛБ Банка сè уште нема официјална изјава за настанот, со цел јавноста да добие веродостојни информации за моменталната ситуација. Се очекува во текот на денот менаџментот на Банката да излезе со информација и обелоденување на вчерашните случувања и текот на истрагата.

Истиот ден околу 19 часот, во врска со настанот во ПС Кисела Вода е приведено едно лице и се преземаат мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О