Тој изгледа на фин дедо (92), но кога ќе видите што му правел на 11-годишно девојче ќе ви се приповраќа



Гифорд за време на неговото апсење на полицијата и' кажал: "Се надевам дека ќе умрам пред да заврши се' ова бидејќи знам како ќе реагира моето семејство".

Британец (92) е прогласен за виновен за обид за сексуална злоупотреба на 11 годишно девојче и се смета дека е најстариот "фатен" педофил во земјата.

На прв поглед тој изгледа само како фин човек во години но всушност зад таа фасада се крие тежок болесник.

Ивор Гифорд од Абертилерија во староста научил да употребува интернет па преку страница за запознавање на 11 годишно девојче му предложил секс, но на состанокот наместо девојчето, го дочекале The Hunted One - цивилна организација која помага при "лов" на педофили на интернет.

Гифорд за време на неговото апсење на полицијата и' кажал: "Се надевам дека ќе умрам пред да заврши се' ова бидејќи знам како ќе реагира моето семејство".



Најстариот педофил од Велика Британија мислел дека преку "чет" разговара со две девојчиња - Џеси (11) и Џоди (12). Во рок од половина час од нивната конверзација тој темата ја свртел на секс и договорил состанок со Џеси, а и' напоменал и да облече нешто "секси".

покрај тоа, тој и' испраќал свои експлицитни фотографии без воопшто да биде свесен дека всушност разговара со членовите на The Hunted One.

Кога пристигнал на местото за средба, потпирајќи се на својот бастун, го дочекале членови на групата кои снимале се' од почетокот до пристигнувањето на полицијата. Тие велат дека биле во шок кога дознае колку години има човекот.

"Тој бил многу упорен. Од околу 100 страници разменети пораки, поголемиот дел од нив се за секс. Гифорд отворено го опишувал сексуалниот чин. Испраќал голи фотографии од себе. Тој дури и напоменал дека членови од групи кои помагаат за "фаќање" на педофили имаат лажни профили на интернет на кои се претставуваат како малолетници, но никогаш први не започнуваат разговор. Секогаш чекаат предаторот да им се обрати на нив", изјавил тужителот Овен Вилијамс, на суд.

Вилијамс утврдил дека единствената намера на Гифорд била сексуално да ги искористи девојчињата, пренесува BBC.

Обвинетиот се бранел и ги негирал обвинувањата. Изјавил дека започнал да употребува интернет пред две години, кога неговата сопруга починала, со цел да најде жена која би се грижела за него. Меѓутоа додал и дека се чувствувал осамено и дека ги посетувал ваквите страници со цел да разговара со луѓе, а за девојчињата сметал дека се постари.

Поротата, се разбира, не му поверувала и го прогласиле за виновен. Гифорд останува во притвор, а затворската казна ќе му се одреди на почетокот на јуни.

Погледнете го видеото:

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О