Имено, станува збор за виде во кое што кучето се јавува во улога на човек, односно истото јаде како човек, засладувајќи се од путерот од кикирики. Она што можеби е најсмешно е заразното смеење на снимателот на видеото кое што можете да го слушнете во позадина, но и фактот што за миг ќе се збуните од германскиот овчар облечен во деловен костим, додека ужива во својот оброк.Секој ќе се согласи дека оваа шега била направена на обострано задоволство затоа што додека момчето зад камерата се смее како никогаш дотогаш, прекрасното куче наречено Один ужива во путерот од кикирики!