Згодна Бразилка дои теле!


Интернетот е место каде што луѓето може да наидат на се и сешто, а последна во низата неверојатни кориснички на интернет е и една сексапилна бразилска убавица, на чиј што Инстаграм профил неодамна осамнале несекојдневни фотографии, покрај кои стоел и коментарот: "Ги тестирав сите цицачи и сите досега сакаат да ги дојам"!
Бразилската манекенка и диџеј ѕвездата Сабрина Боинг Боинг, чиј што Инстаграм профил е насловен како "@djsabrinaboing", на оваа социјална мрежа, но и на целиот интернет, предизвикала вистинска контроверзија и лавина на позитивни и негативни коментари, секако, сите упатени на нејзина сметка. Таа ја поделила интернет заедницата благодарение на објавените фотографии, на кои што може да се види како таа, со своите бујни гради, дои мало теле.

На нејзиниот Инстаграм профил, покрај несекојдневните фотографии, бил објавен и коментарот: "Ги тестирав сите цицачи и сите досега сакаат да ги дојам!".

Како што можело и да се очекува, голем е бројот на оние кои што останале згрозени од ваквиот чин, но сепак, многубројни се и оние кои што се и повеќе од воодушевени, па така, на Твитер и Инстаграм многу нејзини фанови телето веќе го нарекуваат "голем среќник"!

Секако, постојат и оние коментари со навредлива содржина, односно на сите корисници кои што со одвратност ги прокоментирале фотографиите, кои што можете да ги погледнете во продолжение.













ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О