Канон го претстави најмалиот и најлесниот фотоапарат на светот


Јапонскиот производител „Канон“ го претстави најмалиот и најлесниот ДСЛР фотоапарат досега, а тоа е ЕОС 100Д.

canonsmall
ЕОС 100Д има резолуција од 18 мегапиксели, а дизајниран е да им ги понуди на корисниците сите можности на ДСЛР во компактна форма.
Димензиите на ЕОС 100Д се 116х90х69 милиметри, а тежок е само 407 грама. Според тоа ова е најмалиот и најлесниот АПС-Ц ДСЛР досега произведен.
Фотоапаратот има Оптички „Viewfinder“ и голем 3,3 инчен екран осетлив на допир, што се наоѓа на задната страна и наменет е за подесување и преглед на фотографии.
ЕОС 100Д може да прави фотографии со брзина од 4 фпс, а содржи и многу креативни филтри и ефекти.
Фотоапаратот ќе биде достапен кон крајот на април, а основната цена ќе изнесува 670 евра, додека моделот со објектив ЕФ-С ќе чини 823 евра. 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О