Епл со нова надградба за поголема безбедност на Ајфон


Надградба на оперативниот систем што вклучува решение на безбедносните проблеми, ќе им понуди Епл на своите корисници на Ајфон.

ajfon500nova
Станува збор за надградабата Иос 6.1.3. што се уште не е достапна за преземање, но тоа ќе биде наскоро дозволено.
Во соопштението на Епл се наведува дека надградбата го решава проблемот, што дозволуваше на хакерите да го „заобиколат“ ПИН-от и пристапат до апликациите на Ајфон, а подобрена е и услугата Мапи.
Надградбата е подготвена откако оперативниот систем на Епл овозможуваше пристап до приватните податоци на корисникот како што е телефонскиот именик и фотографиите, а за тоа да не внесат безбедносен код.
Ова е најнова надградба за Иос 6.1. кој се појави во јануари. Минатиот месец Епл го понуди Иос 6.1.1. кој ги реши проблемите со 3Г мрежата и електронската пошта. Овие проблеми беа забележани кај корисниците на АјФон 4С.
Најновата надградба стигнува по Иос 6.1.2. кој го реши проблемот со синхронизирање на Епл уредите со „Microsoft Exchange Server“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О