Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на СДСМ која до Управниот суд поднесе повеќе од 100 тужби, истакнува дека опозициската партија виновникот за поразот на изборите сега го бара и во ДИК, а не во себе.
Сега на СДСМ и ДИК им е виновна за катастрофалниот пораз. Се додека вината и причините за поразот не почнат да ја гледаат во себе, ќе останат заглавени во темнината, која Бранко Црвенковски им ја креира и во која самите се веќе предолго заробеници. Сите се криви само Бранко Црвенковски и раководството на СДСМ не се криви за нивниот пораз. Очигледно СДСМ е во очај, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.