“Освојувањата на Александар Македонски“ е
првата македонска авторска видео игра која наскоро ќе заземе место во
колекциите на страсните играчи.
За престижното место на прв македонски
компјутерски јунак,Александар ги победи Крали Марко и Итар Пејо,а
креаторите велат дека играта освен забавен има и едукативен карактер.
Играта ќе биде претставена на
претстојниот тридневен фестивал “Скопје Креатива“ под покровителство на
Град Скопје,каде во
Универзална сала скопските креативци ќе создаваат и
изложуваат креативни индустриска дела.
Реализаторот “Соларис продукција“
најави создавање листа на креативци до крајот на годинава,од која корист
ќе имаат и институциите.
Креациите од фестивалот ќе можат да се
купат на лице место,заедно со играта “Освојувањата на Александар
Македонски“.До нејзиното излегување на пазарот,ќе може да се симне од
веб-страницата на “Скопје Креатива“.