Последниот каталог на Зара за пролет 2013 ја продолжува минималистичката инспирација која брендот ја истакнува веќе подолг период.
Шарените принтови се вистинско пролетно освежување. На едноставен и софистициран начин Зара ја претставува новата колекција полна со бели парчиња облека чија едноставност е разбиена со неколку пастелни бои и цветни дезени.
Блузи кои лесно паѓаат, не оцртуваат, фустани со геометриски принтови, вечно модерни црно бели комбинации и цветните комплети се само едни од совршено дизајнираните целини на Французинката Ајелин Валад.