П
ортугалскиот фудбалски интернационалец Нани им признал на своите пријатели дека има желба да си замине од Манчестер Јунајтед на крајот на тековната сезона, пренесоа англиските медиуми повикувајќи се на свои извори.
Нани е незадоволен со својот статус и со минутажата оваа сезона под водство на Сер Алекс Фергусон, па затоа веќе и не крие дека на лето сака да ја промени средината.
Според неофицијални информации, Португалецот планира да се пресели од Островот и да се врати на Пиринеите, овој пат во Шпанија.
„Ќе разговараме со него и со неговиот агент на крајот на сезоната. Ако ме прашувате сега, пред се би сакал да го задржам во тимот“, изјави искусниот шкотски фудбалски стручњак неодамна, во врска со португалскиот крилен фудбалер.
Договорот на Нани со „Црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната, а тој дури е незадоволен и од примањата од 100 илјади фунти неделно, што е многу помалку од преостанатите ѕвезди од „Олд Трафорд“, како Вејн Руни, Робин ван Перси или Рио Фердинанд.
Од друга страна, за услугите на Нани се заинтересирани Арсенал, Милан и неговиот поранешен клуб, Спортинг од Лисабон. Како и да е, Португалецот наумил да игра во Примера.