Средствата собрани од натпреварот против Вардар ПРО во рамките на СЕХА лигата, ракометниот клуб Металург ќе ги донира за возобновување на Манастирот Трескавец.
Истиот датира од XII век, а изгоре на 4 февруари 2013 година.
-Со овој потег сакаме и ние како спортски колектив барем малку да придонесеме за враќање на сјајот на овој наш културно-историска знаменитост, стои во нивното соопштение. Пренесува Курир.