Нови реформи за Центар


Градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, директорката на ЈП Паркинзи на општина Центар, Маргарита Бакев и директорот на ЈП Градски паркинг, Борче Јакимовски ги промовираа новите поволности за паркирање за жителите на Центар.

parkingot
Одсега жителите на оштина Центар бесплатно ќе ги паркираат сите нивни возила. Единствен услов е жителите на Центар да поседуваат сопстветно возило.
Жителите на општина Центар одсега па натаму, ќе можат да им обезбедат бесплатен паркинг на членовите на својата фамилија. Поточно жителите на Центар ќе можат да пријават три возила на членови на нивната фамилија (мајка, татко, син, ќерка, баба, дедо, чичко, тетка...)без разлика дали членовите на нивната фамилија се жители на општина Центар,  кои во текот на целата година ќе можат да дојдат на гости кај својата фамилија и при тоа за нив паркингот ќе биде бесплатен.
Единствено што треба да направат е да се јават на 072 251 251 и да ги најават возилата на нивната фамилија.
Дополнително, гостинската карта  и покрај промотивниот период и понатаму останува бесплатна за жителите на Центар.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О