За вљубениците во Convers старките


Вљубениците во модата кои се спремни да одат до крајност, време е да се откажете од високите потпетици и да ги замените со Конверс старките чија мода никогаш не поминува.
istorijata-na-converse-starkite-01
Разбираме, потпетиците се елегантни и ја истакнуваат женската убавина, но старките се поудобни и навистина можете и во нив да го искажете уникатниот секојдневен стил.
Историјата на Конверс старките
Конверс како бренд е присутен на пазарот повеќе од еден век и е бренд кој речиси секој сака да го носи, без оглед на возраста, полот или стилот.
Во 1908 година Конверс дојде до оригинална идеја, бидејќи гумени патики дотогаш никаде не беа видени. Тогаш младата и неразвиена компанија започна да ја поддржува кошарката, како еден исто така млад и неразвиен спорт.
Во 1918 година, Конверс започна соработка со тогашниот врвен кошаркар Чак Тејлор. Неговата техника за продажба е една од најпознатите до ден денес, а таа беше токму искористена за гумените старки. Овие патики се одлични за кошаркарите заради високото платно кое го имаа и го штитеа глуждот на ногата, кој најчесто страдаше во овој спорт. Барем тоа беше рекламата на Чак Тејлор. Во периодот од 1958 до 1968 старките беа достапни во многу бои и шари.
istorijata-na-converse-starkite-02
Денес, многумина може и да не знаат кој е Чак Тејлор, но затоа сигурно сите го препознаваат моделот на патика наречен Конверс старка.
Откако производството на Конверс се пресели од САД во Виетнам, доживеа навистина неуспешни неколку години, до 2001та година. Истата година, Конверс беше откупен од страна на силен бренд кој не се обиде да им го смени ниту логото, ниту името, па така Конверс се здоби со 7мото место во производство на обувки. Извор Црно Бело

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О