Модерното доба донесе нови стратегии коишто влијаат на нас и не тераат да купуваме одредени продекти и да трошиме повеќе.
Трговците внимателно бираат која боја ќе ја одберат за одреден производ. Време е да дознаете на кој начин одредени бои влијаат врз нас и ги менуваат нашите навики.
СинаПоголемиот број луѓе ја сакаат сината боја. Истражувањата покажале дека сината боја влева доверба повеќе од било која друга боја. Бројките покажуваат дека лојалноста на купувачите е за 15 проценти поголема кога се во прашање продавниците со сини „шеми“ во однос на оние со портокалови.
РозеваЌе помислите дека розевото најмногу влиаје на жените, но вистината е сосема поинаква. Гледањето во производите со оваа боја влијае на нашиот ендокрин систем забавувајќи ја неговата работа и ги опушта мускулите. Лицата кои се поопуштени ќе купуваат повеќе и подолго.
ЦрвенаЦрвената е доста впечатлива боја и многумина благодарение на неа оствариле успех, но... Експертите за маркетинг тврдат дека оваа боја делува врз луѓето како стоп знак, однесувајќи се како аларм што не спречува неконтролирано да трошиме.
Бела
Епл не се одлучи без причина токму за оваа боја на своите производи. Белата боја симболизира две нешта: едноставност и чистота. Околу 75 отсто од производите за нега на кожата се спакувани во бела амбалажа.
Жолта
Оваа боја е карактеристична за киосците за брза храна. Таа асоцира на енергичност и го поттикнува апетитот.
Зелена
Мета на зелените производи се еколошки настроените муштерии. Факт е дека голем број производи во оваа боја немаат никаква врска со заштитата на природата.