Македонија е на 3. место во светот на листата на пријателски земји


Македонија е рангирана како трета најпријателска земја во светот, според Светскиот екоономски форум. Станува збор за категорија која произлегува од односот на домашното населениее кон посетителите на земјата. Ова рангирање има големо влијание врз формирањето на вкупниот индекс на патување и туризам на една земја.
Има нов извештај кој излезе на почеток на март од Светскиот Економски Форум, каде што се рангирани земјите во поглед на нивната гостопримливост односно кој ќе ви посака добредојде, а кој ќе ви даде ладен поглед.
Меѓу другите скапи анализи, една од нив се фокусирала за тоа да се види колку туристите се добредојдени во една земја, односно односот на популацијата кон туристите.
Според овој извештај најпријателска земја е Исланд, а на трето место се наоѓа нашата земја.
Додека за најнепријателска се смета Боливија, а веднаш после неа следувале Венецуела и Руската Федерација.
Пријателски земји
1. Исланд
2. Нов Зеланд
3. Македонија4. Мароко
5. Австрија
6. Сенегал
7. Португалија
8. БиХ
9. Ирска
10.  Буркина Фасо
Непријателски земји
1. Боливија
2. Венецуела
3. Руската Федерација
4. Кувајт
5. Латвија
6. Иран
7. Пакистан
8. Словачка
9. Бугарија
10. Монголија

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О