Гејминг: Како ќе изгледа вашиот телевизор идната годинa


Следната генерација на конзоли нема да се борат само за да украде дел од вашето време, туку и ќе се борат за просторот над, под и околу вашиот телевизор. Трите конзоли имаа дополнителни уреди кои мора да бидат „инсталирани“ на телевизорот...

Едно од прашањата кое создава проблем е потребата за константна интернет конекција. Но, освен тоа, се шпекулира дека Microsoft и Sony ќе бараат да имате инсталирано камери за да можете да играте на конзолите.
Во моментот, Wii U бара да го инсталирате Sensor bar-от над или под телевизорот. Од Nintendo тврдат дека уредот ќе работи еднакво добро без разлика дали нивните сензори се наоѓаат над или под вашиот телевизор, па ќе мора да им веруваме. Од друга страна, Microsoft со Kinect ги нуди истите опции. Но, пробајте да зборувате на Skype со некој што ќе ве гледа одоздола, доколку Kinect се наоѓа под вашиот телевизор.
Последниот проблем го создава Sony со PlayStation Eye камерата, која мора да се наоѓа над вашиот телевизор. Камерата ќе нуди видео-снимање и аугментирана реалност, па веројатно дури и да не е задолжителна, корисниците ќе сакаат да ја постават врз својот телевизор.
Затоа, доколку планирате да ги поседувате сите три конзоли во иднина, ќе треба да смислите начин како тоа ќе го „издржи“ вашиот телевизор. :)

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О