ФОТО: Неверојатно за 11 месеци ослабела 44 килограми, за да биде убава невеста

По веридбата Сем Мекингли отишла да избере венчаница. Кога видела дека ја собира само број 20, се преплашила дека на сопствената свадба ќе личи на кит! За 11 месеци ослабела 44 килограми – да не биде како кит на својата свадба!
detw-238-
Веднаш ја исфрлила брзата храна и почнала со строга диета. За 11 месеци успеала да влезе во 8 броеви помала венчаница.

Сем била зависник од сланина и чипс. Со новиот режим ги заменила со овошје и зеленчук. Почнала да вози велосипед, да тренира и да пешачи.
42635_sem1_300x0
Кога Сем го запознала идниот соруг Брајан, имала 114 килограми. Тој вели дека нејзината големина не му била важна бидејќи се вљубил во нејзината личност, но таа се срамела – Брајан бил виток!

Пред веридбата им се родило првото дете, што ги одложило плановите за слабеење. Но за свадбата Сем си ветила дека нема да биде дебела. И успеала, а најголем удел во тоа, како што вели, има учителот по зумба кој секојдневно ја мотивирал со зборовите – па ти секој ден си се послаба жена. За 11 месеци, 44 килограми вишок од телото на Сем – исчезнале!

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О