Беше сакана, обожавана и убава, а сепак отпеана како- ѓубре.

Три пати Бора Ѓорѓевиќ се фаќаше за пенкалото поради Билјана Невајда Шевиќ, а две песни, напишани во моментот на љубовен непребол станаа големи хитови на „Рибља Чорба". Третата ги помири.
Во тогашните седумдесетти, Биљана која беше една од најпознатите југословенски манекенки, тргнува во Сараево кон нов живот, а Бора со кого извесно време се забавувала, ја повикува за да му прости.

Токму за неа, тој ја пишува една од најпознатите негови песни „Остани ѓубре до краја".
-Во тој момент песната не остави некој силен впечаток врз мене. Ми сметаше она „ѓубре", но не придавав значење бидејќи бев заљубена во друг, се потсетува Билјана, пренесува „Блиц".

Нејзиното заминување било болна инспирација за уште една легендарна песна која ја напишал Бора - „Два динара друже"