Втора шанса за Браун во Кливленд


Непосредно по завршувањето на регуларниот дел од сезоната во северноамериканската профи кошаркарска конкуренција, клубовите кои што не успеаја да обезбедат место во плеј-оф сегментот се свртеа кон плановите за реконструкција на екипите.

majk-500
Како и вообичаено, тргнаа од клупата. Меѓу тимовите кои што останаа без тренер минатата недела беше и оној на Кливленд „Кавалирс“. Сепак, „Коњаниците“ не беа долго без стратег.
Имено, поранешниот клуб на Леброн Џејмс повторно му укажа доверба на човекот кој го тренираше составот токму кога „Кралот“ беше во него, Мајк Браун.
По неуспешната епизода во редовите на Лос Анџелес „Лејкерс“, Браун се враќа во таборот кој што го предводеше во периодот од 2005-та до 2010-та година, па следната натпреварувачка кампања, повторно ќе биде на кормилото на Кливленд.
Актуелната сезона ја започна токму во НБА тимот од Градот на ангелите, меѓутоа заработи отказ по лошите резултати во воведните пет пресметки од кампањата. Многумина тврдеа дека не добил вистинска шанса кај „Езерџиите“, меѓутоа тоа ништо не промени.
Сепак, Браун не беше долго без ангажман и трпеливо чекаше, за на крајот да ја добие својата втора шанса во Кливленд. Доколку може да им се верува на американските медиуми во следните пет сезони искусниот кошаркарски стручњак ќе заработи 20 милиони долари.
Инаку, Браун најголемиот успех со „Кавалирс“ го оствари во 2007-та година, кога екипата која во ростерот го имаше Леброн Џејмс стигна до големото НБА финале.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О