Повеќето жени се желни да имаат полни сензуални усни, но оваа Русинка навистина претерала.

24 годишната Русинка, Кристина Реи, отсекогаш сакала да изгледа како нејзиниот идол, Џесика Рабит, лик од анимиран филм.
На оваа млада девојка тоа и се оствари бидејќи, според Гинисовата книга на рекорди, Кристина Реи и официјално е личност со најголеми усни на светот.

Таа досега вбризгала над 100 инjекции со силикон во усните, а на пластични операции потрошила околу 6.000 евра.