
Агентот на тренерот на Баерн, Енрике Рејес се надоврза на неговата изјава во врска понудата на Баерн за Видал и додаде дека напаѓачот на Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски во пакет со Гетце ова лето ќе се пресели од Вестфален на Алијанц арената.
,,Баерн веќе потпиша со Левандовски. Да, во овој момент Баерн Минхен ги има Марио Гетце и Роберт Левандовски. Проблем е тоа што Баерн има многу пари. Истото што го направија со овие двајца играчи го направија и минатата година со Хави Мартинез. Доколку некој клуб не сака да разговара со вас во врска со трансфер на некој фудбалер, што ќе направите? Па нормално, ќе ја платите откупната клаузула'' - изјави Рејес.