Харизматичната актерка изненади со своето бикини тело

Во групата на селебрити ѕвезди кои што можат да се пофалат со совршена линија е и актерката Џулиан Хог, која своето слободно време го поминувала покрај базен во Мајами и докажала дека е сопственичка на беспрекорно тело.



Харизматичната русокоса актерка Џулан Хог била забележана покрај базен во Мајами. Облечена во дводелен розов костим за капење, таа уживала под топлите сончеви зраци во придружба на своите пријатели.

Така, русокосата дваесет и четиригодишна холивудска убавица го покажала рамниот стомак и совршените слаби нозе, на кои не можело да се забележи ниту грам целулит, појава која што на голем број на жени ширум светот им задава огромна мака. 


Појавувајќи се во своето сосема природно издание, Хог докажала дека и далеку од гламурот на црвениот холивудски тепих, таа изгледа одлично.


Актерката во изминатиот период е актуелна по остварувањето на својата улога во драмата "Safe Haven", односно филмската адаптација на романот на Николас Спаркс. 








ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О