Тинејџерскиот миленик разочарува: Најдена дрога во автобусот на Бибер!

Како што пренесуваат британските медиуми, по спроведената рација, шведската полиција во автобусот на славниот пејач Џастин Бибер, по кого "лудуваат" голем број на обожавателки ширум светот, пронајдена е одредена количина на дрога.

Имено, "Daily Mail" ја пренесува веста дека шведската полиција во автобусот на Џастин Бибер, кој што моментално се наоѓа на светска турнеја, пронашола одредена количина на дрога. Портпаролот Ларс Бастром изјавил дека е пронајдена дрога и направа за електрошок, а автобусот на Бибер се наоѓал во центарот на Стокхолм.



Свој настап во шведската престолнина Бибер имал во средата, а полицијата вршела само регуларна контрола на возилото, кое во тој момент било празно. Засега никој не е уапсен, а дрогата била испратена на лабораториска анализа, каде што ќе се утврдува за која точно супстанција станува збор.


Само како потсетување, ова не е првпат тинејџерот да биде поврзуван со дрога, кога во јавноста беа објавени фотографиите на кои што тој "беше со чудна цигара во раката"!


Но, покрај тоа што во неговиот автобус била пронајдена дрога, Бибер има и уште други дополнителни проблеми. Пред неколку денови тој снимал едиторијал во Копенхаген, каде што 19 годишниот миленик на тинејџерската публика, доцнел цели 6 часа на договореното снимање. "Тоа е апсолутно непочитување. Откако шест часа доцнеше на снимањето, одби и да го носи шеширот кој стилистите му го одбраа. Па кој би сакал да работи со него?!", пишува "DailyMail".









ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О