Откриен е идентитетот на мажот кој го "инспирирал" Тамерлан Царнаев

Aмериканските истражители го утврдиле идентитетот кој го инспирирач Тамерлан Царнаев да стане радикален исламист, објавил "CNN".

Станува збор за извесен Михаил, под чие што влијание, како што изјавиле членовите на семејството Царнаеви, Тамерлан се откажал од спортот и музиката и му се посветил на исламот.

"Михаил "владееше со мозокот на Тамерлан"", изјавил чичкото на браќата терористи. Според некои претходни извештаи, мајката на Џокар и Тамерлан, била онаа која што го вовела постариот брат во радикалниот ислам.




Според досегашните сознанија, Тамерлан бил оженет и со 24 годишната Кетрин Расел која што целосно го сменила својот живот и преминала во исламот само поради својот сопруг, со кого има и ќерка, а според последните информации, таа била и личноста која што му соопштила дека ФБИ знае за него и дека го бара.


Агенцијата "AP" објавила дека нивната мајка е потомок на дегестански вахабист. Само како потсетување, при бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, кој што го изведоа 26 годишниот Тамерлан и 19 годишниот Џокар од Чеченија, својот живот го загубија три лица, а повеќе од 200 беа повредени и дел од нив се уште се во критична состојба.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О