Како да го „истренирате“ мозокот за точно прогнозирање на резултатите?!

Спортските фанови кои уживаат во следење на натпреварите, можат да ја добијат способноста за предвидување на резултатите од натпреварите исто како статистички програм на компјутер.

Новите истражувања покажале дека луѓето можат со голема точност да го предвидат резултатот, само доколку располагаат со „добри информации“.

Канадските истражувачи заклучиле како мозокот го одбира ограничениот број на сеќавања, врз кои се темели одлуката за прогнозирање на резултатот. Со оглед на тоа дека натпреварите неретко завршуваат со неочекуваните резултати, во човечката меморија остануваат тие информации кои многу им пречат во следното прогнозирање.

Затоа истражувачите ги поделиле луѓето во две групи, откако во едната група им понудиле вистински, а во другата идеални резултати.

Се докажало дека луѓето од „идеалната“ група имале многу поголем успех во прогнозирањето. Истражувачите дошле до заклучокот дека прогнозерите на овој начин можат да го „истренираат“ својот мозок до таа мера што ќе можат да ја достигнат истата способност како компјутерскиот систем, пренесува „DailyMail“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О