Вебер и Фетел наеднаш станаа големи пријатели?

Марк Вебер оваа сезона имаше многу турбулентен однос со својот клубски колега, актуелниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел.

Тензиите посебно беа високи после трката за Големата награда на Малезија на која Фетел го престигна Вебер на 13 кругови пред крајот на трката, иако наребите од боксот на Ред Бул беа да се зачуваат позициите и да се обезбеди мирен финиш. После претекнувањето, Вебер му покажа среден прст на Фетел, а на церемонијата за прогласување на победниците двајцата пилоти на Ред Бул воопшто не разговараа. Но се чини дека се смириле страстите помеѓу двајцата пилоти на Ред Бул.

,,Моето партнерство со Ред Бул е веќе седма година и е едно од најдолгите партнерства помеѓу еден клуб и возач. Себастијан и јас сме екипа и ние делиме одлично пријателство'' - изјави Марк Вебер.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О