Загина жена во сообраќајка на патот Велес – Неготино


Трагично заврши патувањето за семејство од Скопје. Автомобилот фолксваген поло со кој се превезувале, движејќи се по автопатот Велес-Градско кај штипското петле, удрил во заштитната ограда па се превртел. Несреќата се случила утринава околу седум часот.

Со возилото се превезувале четворица. Од ударот веднаш починала 51 годишната Виолета. Т., а останатите тројца се здобиле со телесни повреди и се префрлени во велешката болница.

Со автомобилот управувал синот на починатата, 27 годишниот Игор. Во возилото биле и неговата помлада сестра и 80 годишната баба. Истрагата треба да ги открие причините за несреќата.

Поради несреќата, околу еден час автопатот беше затворен за сообраќај.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О