На свадба кај Мајкл Џордан (фото)


Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Мајкл Џордан (50) вчера се ожени со шеснаесет години помладата Ивет Прието.

Тајната церемонија, на која присуствуваа околу 500 гости, се одржа во црква во Палм Бич на Флорида, во истата во која се венчаа Доналд Трамп и Меланија Кнаус.
Веселбата, на која присуствува мајката на Џордан, синовите и пријателите, меѓу кои и Скоти Пипен со сопругата, продолжи на имотот на кошаркарот, односно во вилата каде што беше и свечената вечера.
Џордан се погрижи церемонијата да биде скриена од очите на јавноста во интимна атмосфера.
Тој и неговата сопруга потпишале посебен договор со кој се обврзале да не откриваат ништо во врска со церемонијата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О