Џафери: Смртта на Борис Трајковски полна со недоумици

Од аспект на трајна и прифатлива информација во врска со авионската несреќа во која загина поранешниот претседател Борис Трајковски, се проценува дека е потребна нова истрага. Потребна е затоа што има останато многу недоумици, како, зошто и кој би можел да биде виновен. Мислам дека двете влади ќе дојдат до вистински информации за да може овој случај конечно да се расчисти.
Ова го изјави министерот за одбрана на Република Македонија во интервју за дневниот весник „Дневни аваз“ за време на неговата официјална посета на Босна и Херцеговина.
На прашањето како гледа на проблемот на БиХ со вишокот оружје кое се шверцува по рута која оди помеѓу земјите од поранешна Југославија, министерот Џафери дециден дека не може да говори за институционален шверц на оружје.

“Тоа е глобална појава која не го засега само нашиот регион. Ние работиме на пописот на вооружување, а со вишокот оружје или го продаваме или се уништува. Кај вас е проблем затоа што имавте ентитетска армија и вашиот министер ми рече оти тука има доста проблеми. Заедно работиме на тоа овој проблем да се сведе на минимум“, изјавил Џафери.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О