Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо изјави дека сигурно ќе се врати во својот поранешен клуб Интер, но тоа нема да го стори следната сезона.
,,Тоа не е лага, тоа го зборува моето срце. Повторувам, сакам да се вратам во Интер, како и што сакам да се вратам во Англија, но тоа нема да биде следната сезона. Мојот следен клуб сигурно нема да биде Интер'' - додаде Мурињо кој во Интер помина две сезони и успеа да ја освои историската тројна круна со екипата на Нераѕурите.