Верувале или не, вие сигурно земате поголема плата од Марк Цукерберг!


Со оглед на тоа што во негова сопственост е компанија чија што вредност се искажува во неколку милијарди долари, сосема логично е да се претпостави дека подеднакво висока е и неговата плата... Но, тоа не е така, барем не почнувајќи од оваа година!
Сопственикот на социјалната мрежа Фејсбук, мултимилионерот Марк Цукерберг (28), од денес им се придружил на клубот на директори од Силиконската Долина, каде што е центарот на информатичката индустрија во САД, па така, и тој оваа година ќе прима плата од само еден долар.




Имено, Цукерберг ќе добива по само еден долар месечно и се согласил да не зема никакви годишни бонуси. Богатството на младиот богаташ се проценува на 13 милијарди долари, па сосема лесно може да се заклучи дека неговата плата сигурно нема да му недостасува.


На листата на исклучително богати директори и сопственици на компании кои веќе примаат по еден долар плата, затоа што имаат премногу пари, се и коосновачите на Гугл, Лари Пејџ и Сергеј Брин, сопственикот на компанијата Оракл, Лери Елисон и основачот на компанијата Зинга, Марк Пинкус. До својата смрт, дел од овој клуб бил и основачот на Епл, Стив Џобс.




ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О