Мајски неработни денови



Годинава во мај имаме доста за празнување. Традиционално (без 2 мај на Треска) 1 Мај е неработен ден – Ден на трудот.

Два дена потоа, 3 мај (петок) пак е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед (Велики петок, петок пред Велигден).

Вториот ден од Велигден годинава паѓа на 6 мај (понеделник) – пак не се работи.

Потоа се работи нормално, без празнувања, се до 24 Мај (петок) – Свети Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители.

Еден ден пред тоа, на 23 Мај, на работа нема да одат припадниците на влашката заедница зашто е Национален ден на Власите.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О