Откако ова видео беше поставено на Јутјуб пред неколку дена, се стекна со огромно медиумско внимание.

На видеото се гледа како едно кученце плаче на гробот на неговата сопственичка, баба на човекот којшто го снимил видеото.
Тој се соочил со разни коментари на Јутјуб, каде дел од корисниците велат дека кучето кива, но тој додава дека неговиот миленик никогаш не правел така.
Дали ова куче навистина плаче по својата почината сопственичка или се случува нешто друго, пресудете сами.