Македонските граѓаните ќе може слободно да патуваат во Украина

Македонските граѓани отсега па до март 2015 година ќе може слободно да патуваат во Украина доколку нивниот престој не надминува 90 дена, информира од Министерството за внатрешни работи.

“Претседателот на Украина Виктор Јанукович, со Указ ја донесе одлуката која има важност до 15 март 2015 година. Одлуката е донесена од украинска страна како резултат на Одлуката на Владата на Република Македонија која почнувајќи од 16 март 2013 година еднострано за периодот до 15 март 2018 година ги укина визите за краткорочен престој во Република Македонија за државјаните на Украина, а кои се опфатени во членот 8 од Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на Министрите на Украина за условите за взаемни патувања на граѓаните“, се вели во информацијата од МНР.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О