ФОТО: Жена чии нозе не престануваат да растат


Млада жена чии нозе не престануваат да и растат верува во лекарите кои се на прагот на откривање на соодветен третман со мапирање на нејзината ДНК.
Менди Селарс има 38 години и боледува од специфичен синдром на неконтролирано растење на нозете во должина и обем.
Едната масивна нога дури и беше и ампутирана откако и фатила сепеса, но и тогаш продолжила да расте и три години потоа е долга 1 метар и тежи околу 20 килограми.
Лекарите и соопштиле дека нејзината болест нема име и дека генетичките тестови покажале дека таа е единствен случај во светот.
Поради нејзината состојба Менди не моѓе да се движи и да врши домашни работи. Таа се движи со специјална појачана инвалидска количка.
Лекарите се надевале дека ќе и помогнат со специјална ножна протеза но поради постојаното растење на ампутираната нога не може да се направи нова нога со која полесно ќе се движи.
Оваа Англичанка од Ланкшир е толку желна за живот, а постојано се соочува со бариери.
Сега научниците од Кембриџ се зафатија со нејзиниот случај и таа верува дека ќе се најде решение на нејзината медицинска мистерија.
Минатата година д-р Роберт Семпл изврши мапирање на нејзината ДНК земена од крвта и од ткивата. Се претпоставува дека таа има ретка форма на Протеус синдромот – состојба од која боледува човекот наречен Слон. Но сепак анализата покажува дека нејзината состојба е уникатно нарушување.
Новиот третман што го потготвува тимот на д-р Семпл е лек со кој ќе се замени нејзиниот уникатен мутиран ген со терапевтски ген.
-  Почнав да го земам лекат во септември и треба тој да го спречи растењето на нозете. Мислам дека малку спласнаа во обем. Јас ја прифатив мојата состојба дека може да биде само полошо но и многу сум оптимист за новото откритие – вели Менди чија состојба е толку ретка што може да погоди еден човек во 7 милјарди луѓе.//м.д.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О