Дизелот поскап за половина денар


Дизелот поскапува за половина денар, а цените на бензините остануваат непроменети, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуродизел ќе изнесува 70,50 денари за литар. За половина денар се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава за 59 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 82,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС одн 98 октани 84 денари за литар. Не се менува и цената на мазутот М-1 НС која изнесува 42,471 денар за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 106,971 долари за барел и е за 0,80 пониска пониска од просечната цена на сурова нафта (107,838 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 48,0267 денари за долар и е за 1,02 отсто повисок од курсот на доларот (47,5403ден/$) по кој беа формирани цените.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О