Јунжнокорејскиот рапер Псај, го најави продолжнието на својот мега-хит „Gangam Style“, кој ќе се вика „Gentlemen“.
Новиот сингл најдпрво требало да го носи името „Ашарабиа“ но продуцентите сметале дека тоа би можело да го навреди арапскиот свет.
„Нумерата е многу забавна“- рекол Псај, додавајќи дека не би смеел да открива многу.
„Можам само да кажам дека на корејците тој танц им е многу добро познат, но гледачите од другите земји се немаат запознаено со него“
Новата песна ќе биде промовирана на 12 Април, а се очекува прв пат да биде изведена наредниот ден на концерот на Псај во Сеул.