Samsung со нов евтин смартфон Galaxy Win

Откриен е нов смартфон во производство на Samsung кој треба наскоро да се појави на пазарот. Се работи за Samsung Galaxy Win кој ќе биде евтин смартфон со 4.7 инчен екран и четири-јадрен процесор.

Овој нов смартфон ќе поседува голем екран со дијагонала од 4.7 инчи но, со многу пониска резолуција од 480х800 пиксели, додека пак четири-јадрениот процесор е од серијата Qualcomm Snapdragon 200 со брзина од 1.2 GHz.

Останатите компоненти ги сочинуваат и камера од 5 мегапиксели, како и солидна батерија со капацитет од 2000 mAh. Samsung Galaxy Win ќе работи на оперативниот систем Android 4.1.2 Jelly Bean и се очекува да се појави на пазарот кон крајот на овој месец, но сеуште не е познато за кои пазари ќе биде наменет.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О