Струмица одбележа 110 години од смртта на Гоце Делчев


Со полагање свежо цвеќе пред   споменикот на Гоце Делчев на градскиот плоштад, струмичани му оддадоа почит на револуционерот и идеолог кој херојски загина на овој ден  пред 110 години.
Говор за делото на Делчев одржа претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски.
- Ликот на Гоце Делчев и неговото дело секогаш биле и ќе бидат предизвик за сите генерации Македонци. Нам ни преостанува со нашите постапки да ја заслужиме достојноста за да се наречеме негови следбеници, рече Даскаловски.
Претставници од јавниот и културниот живот, од здруженија на граѓани и институции кои го носат името на Делчев, положија цвеќе, а членовите на рецитаторската секција од Домот за  млади и деца „Благој Јанков-Мучето“ изведоа рецитал од револуционерна поезија посветена на Гоце Делчев.
Свечености со пригодна програма одржаа и учениците во основните училишта во Вељуса, Василево и Босилово.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О