Зошто не играше Меси?


Тренерот на Барселона, Тито Виланова по натпреварот со Баерн Минхен даде одговор и на можеби најважното прашање зошто реванш полуфиналниот натпревар во Лигата на шампиони, најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси го следеше од клупата за резерви.

mesi
Сите фудбалски фанови, а најмногу тие на каталонскиот гигант останаа во шок откако го причитаа првиот тим на Барселона и откако забележаа дека во истиот го нема аргенстинскиот интернационалец.
"Меси не беше повреден, но не се чуствуваше најдобро. Убаво размислив и сватив дека во таква состојба Меси не може да му помогне на неговиот тим. Играше против Атлетик Билбао, но беше во далеку подобра состојба, но по натпреварот не се чуствуваше баш најдобро. Ќе влезеше во игра доколку Барса имаше позитивен резултат и беше во состојба да се пласира во финалниот натпревар", откри Виланова.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О