Кинескиот весник „The Peoples` Daily“ е службен весник на Комунистичката партија и како таков заслужува импресивна зграда. Деновиве изгледот на оваа зграда поминал низ сите светски медиуми, но не поради причини кои би ги сакале партиските челници туку поради нејзиниот изглед кој наликува на еден огромен пенис.
Ако се обидете на Veibu (кинески еквивалент за Твитер и Фејсбук) да ја пронајдете зградата или името на весникот, ќе ви излезе порака дека пребарувањето е илегално.