Британскиот таблоид The Sun верува дека е постигнат договор помеѓу Челзи и Жозе Мурињо, па португалецот официјално ќе се врати во Лондон на 1. јули.
Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович наводно му понудил плата на Мурињо од 11.8 милиони евра по сезона, а рускиот милијардер сигурно ќе мора да плати подеднакво висока, а можеби и повисока одштета на Реал Мадрид за раскинување на договорот со Португалецот.