Љубовта не познава граници, ниту време, ниту пак раса. Некоја љубовна приказна е тажна и повредува, а друга пак весела и ги прави луѓето да се чувствуваат среќни и исполнети. Што мислите, каква приказна стои зад овие два гроба од фотографиите?!
Овие гробишта се наоѓаат во Холандија. Во едниот гроб почива жена, која била католик, а во другиот нејзиниот сопруг, кој бил протестант. Џ.В.Ц од Горкум се оженил со Џ.Ц.П.Н од Ајферден.
Меѓутоа, во 19-от век мешаниот брак предизвикувал проблеми. Иако жената сакала да биде закопана до нејзиниот сопруг, но тоа било невозможно. Па така поради големата желба да бидат вечно заедно и силната љубов која ја чувствувале еден за друг тие се одлучиле за единственото решение.
Иако мажот бил закопан во протестантскиот дел, а од другата страна на ѕидот кој ги раздвојувал гробиштата била закопана жената, на католичката страна, тие повторно се заедно држејќи се за рака, а нивната љубов се покажа како непобедлива.
Парот се венчал во 1842 година во место каде живееле католици и помалку протестанти. Католичката жена била благородник, додека сопругот не бил. Нивниот спој сигурно се сметал за скандал во тој период. Сепак, бракот траел речиси 40 години, кога умрел сопругот.
По осум години починала и таа. Таа одбивала да биде закопана во семејната гробница и наредила споменик на местото кое го гледате на фотографиите. Таа лежи на едната страна, тој на другата, се уште држејќи се за рацете.