Раководство
на МЗТ Скопје Аеродром е решено да го задржи костурот на тимот и за во
идната сезона. Откако Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски, а подоцна и Дамјан
Стојановски ставија потпис на нови договори, соработката со клубот од
Аеродром ја продолжи и одличниот Кејд Дејвис.
Американецот со голем успех го носи дресот на МЗТ и во изминатите две
сезони беше еден од клучните играчи на патот кон освојувањето на
двојната круна едноподруго, а имаше просек од 11.6 поени и 4 скока по
натпревар во изминатата сезона.
-Кејд Дејвис ја продолжи верноста кон македонскиот кошаркарски
шампион и за наредната сезона. Американецот веќе две години со успех
настапува за тимот на МЗТ Скопје Аеродром освојувајќи ја двојната круна
во два наврати едноподруго – стои во соопштениот на официјалниот сајт на
МЗТ Скопје.