Кинеско вселенско летало со тројца
астронаути успешно денеска се приземји на територија на кинеската
автономна област Внатрешна Монголија, откако во вселената минаа 12 дена.
Главниот командант на
петтата и најдолга вселенска мисија на Кина досега, Џанг Јоусиа изјави
дека мисијата била „целосно успешна“.
Астронаутите минаа 12 дена на Тјангонг-1
кој функционира како експериментален прототип за многу поголемата
кинеска вселенска станица чиј почеток на работите е планиран за 2020
година. леталото Шенџу-10 во екипажот имаше двајца мажи и една жена
астронаут – Ванг Јапинг.