За албанското знаме кое што од вчера е поставено на јарбол од 20 метри и тоа на општински имот, близу Меморијалниот центар за жртвите од 2001-та кај Арачиново, Владата и ВМРО-ДПМНЕ немаат коментар, јави „24 Вести“.
Д иректорот на државниот инспекторат за локална самоуправа, Ванчо Шехтански, се прогласува ненадлежен за јарболот, исто како и МВР, од каде велат дека може да реагират само ако некој побара од нив интервенција.Телевизијата потсетува дека знамето кое од вчера се вее во Арачиново не е прво џиновско албанско знаме, оти во Зајас, родното место на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, лани во ноември, во рамките на прославата на албанското знаме, беше поставен 35 метарски јарбол со шестметарско знаме, кое сè уште стои таму со образложение дека е поставено на приватен имот.
Молк за џиновското албанско знаме во Арачиново
ТОП10 ОК ?
1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О