Бред Пит го соборил сопствениот рекорд

„World War Z“ во првиот викенд од прикажувањето на американските кина заработил 66 милиони долари, со што Бред Пит го надминал својот досегашен личен рекорд кој го држел со филмот „Господин и Госпоша Смит“, и кој изнесувал 50 милиони долари. Уште поинтересен е податокот дека станува збор за досега втора најголема заработувачка во првиот викенд на оригинален акционен филм во САД веднаш по Аватар.

Одлични резултати пристигнале и од сотанатите 25 територии каде „World War Z“ почнал да се прикажува, па вкупната заработка во првиот викенд изнесувала 111,8 милиони долари. Бројките покажуваат дека целиот труд околу филмот се исплатил. Според првичниот успех, можно е да се очекува и снимање на нови продолженија од филмот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О