Еден пар во Англија немале доволно трпение да го дочекаат
крајот на своето венчавање, па затоа започнале со првиот танц како
брачен пар на сред церемонија, и тоа со свештеничката која ги венчала.
„Треската“ набргу ги фатила сите гости во црквата.
Гери и Трејси Ричардсон го извеле популарниот „флеш моб“ после брвиот бакнеж како сопруг и сопруга.Во катедралата почнала да свири песната „Everybody Dance Now“, а потоа свештеничката и младенците почнале да танцуваат. Набргу им се придружиле и неколкумина од гостите, а потоа засвирала и „Celebration“.